Пејачката Теа Таировиќ ги негира пишувањата на медиумите дека во Шведска каде што имала настап вчера била уапсена и дека полицијата и ставила лисици, па така била уловена и на фотографија.
– Не знам што да кажам за тие пишувања, освен што сум многу лута и не знам од каде оваа информација. Ниту бев уапсена, ниту приведена, ниту пак полицијата ми стави лисици. Се е во најдобар ред, а настапот во Шведска помина одлично, како и секогаш. Нема место за тие шпекулации – изјави Теа.
Претходно и нејзиниот менаџер Никола Бриџис даде изјава во која вели дека пејачката не била задржана во полицијата затоа што станувало збор за рутинска контрола. Тој објасни дека полицијата само барала договор за настапот на пејачката и откако им бил приложен забавата продолжила.
View this post on Instagram