„Не ми беше намера никого да загрижувам. Не сум некој што многу ги користи социјалните мрежи. Инстаграм ми служи како албум во кој ги споделувам моите среќни моменти“, изјави за Си-Ен-Ен Турк, турската актерка Џансу Дере откако нејзините обожаватели се посомневаа дека исчезнала во страшниот земјотрес што ја погоди земјата пред повеќе од еден месец.
Иако претходно се појави видео од нејзиното помагање на жртвите по земјотресот, многумина сепак беа загрижени бидејќи таа не објавувала ништо на социјалните мрежи.
Таа вели дека некое време не била во јавност бидејќи ја скршила петата и се опоравувала дома.
Во јавноста е препознатлива како Џансу по улогата во серијата „Езел“. Таа глумеше и во сериите „Сулејман Величествениот“, „Сила“, „Неверство“ итн.