Пејачката Мандиса, која се натпреваруваше во петтата сезона на американскиот „Идол“, а подоцна освои и награда Греми, почина на 47-годишна возраст.
Мандиса се натпреваруваше во петтата сезона на американскиот „Идол“ каде влезе во најтесниот круг и го освои деветтото место.
По натпреварот, таа продолжи да гради успешна музичка кариера.
Мендиса се сврте кон духовната музика, со која се занимаваше последните години, а веста за нејзината смрт ја потврди и христијанската радиостаница К-Лав.
Причината за смртта засега не е позната.