Сите сакаме да гледаме намирници кои се на акции за распродажба, особено сега во услови на висока инфлација кога цените на речиси сите прехранбени производи се зголемени. Сепак, некои намирници никогаш не треба да ги купувате кога се на распродажба.
Производи кои се пред истекување на рокот на употреба
Често може да најдете производи на кои наскоро им истекува рокот на употреба, но некои од нив – како млеко, јогурт и други млечни производи – не треба да се купуваат тогаш, освен ако не сте апсолутно сигурни дека брзо ќе ги потрошите.
Американската агенција за храна и лекови (ФДА) наведува дека млекото може да се чува во фрижидер до седум дена, а јогуртот до две недели. Затоа, доколку млекото нема да го искористите во рок од седум дена, најдобро е да не го купувате додека е на попуст.
Меко овошје
Кога купувате дињи, манго, киви, авокадо и други видови овошје, најдобар начин да ја дознаете состојбата на овошјето е со допир со дланката да откриете дали е презрело или не. Но, ако на продажба наидете на темно зелено авокадо кое е прилично меко на допир, размислете двапати дали да го купите.
Всушност, ФДА наведува дека авокадото може да остане свежо до четири дена од денот на купувањето ако го чувате во фрижидер, но ако купите меко, темно зелено авокадо, тоа може да се расипе уште пред да го изедете.
Конзерви со вдлабнатини
Општо познато е дека конзервираната храна има многу долг животен век, но тоа е точно само ако нема големи вдлабнатини на конзервата. Како што советува американското Министерство за земјоделство, треба да избегнувате лименки бидејќи вдлабнатините можат да пропуштат потенцијално штетни бактерии, како што се ботулински бацили, во конзервата. Истото важи и за сите лименки или тегли кои имаат испакнатини на страните или капаците.
Зачини во кесички
Иако сувите зачини не мора да се расипуваат или гнијат како свежи производи, тие го губат својот вкус со текот на времето, особено откако ќе бидат отворени и изложени на воздух. Така, босилек, на пример, ако немате намера да потрошите кесичка со овој зачин со попуст во рок од три до шест месеци по отворањето, најдобро е да не го купувате, ако се грижите да го задржи својот вкус што е можно подолго, вели Best life.