Јансен Панетиер почина во Њујорк на 28-годишна возраст.
Веста за смртта ја соопштија членовите на семејството, пренесува TMZ.
Сè уште не е позната причината за смртта на младиот актер.
Според извештаите, Јансен го поминал викендот во Њујорк каде ненадејно починал.
Јансен е брат на популарната актерка Хајден Панетиер, која е пет години постара од него, а со актерството почнал да се занимава уште на млада возраст, следејќи ги стапките на својата сестра.
Панетиер беше номиниран за награда за млад уметник во 2008 година за неговата работа на филмот „The Last Day of Summer“. Имаше значајни улоги во филмовите „The Walking Dead“, „Major Crimes“, „Even Stevens“, „Blue’s Clues“, „Ice Age: The Meltdown и Robots“.
Во моментот на неговата смрт, тој работеше на пет нови проекти.