Музичкиот магнат Diddy, познат и како Puff Daddy или P. Diddy, откри дека на британскиот музичар Стинг секој ден му плаќа паушална сума на пари бидејќи без дозвола користел дел од инструменталот од култната песна на славниот пејач „Every Breath You Take“, на неговиот сингл од 1997 година „I‘ll Be Missing You“, пренесе Daily Mail.
53-годишниот продуцент и музичар „ретвитна“ клип од интервјуто на Стинг за The Breakfast Club во 2018 година, каде музичарот беше прашан дали е вистина дека добива по 2.000 долари дневно за примерок од Diddy, што тој го потврди.
Diddy објасни во објава на Твитер дека сумата е всушност поголема, пишувајќи:
„Не. Јас му плаќам 5.000 на ден. Само љубов за мојот брат Стинг“.
За време на првичното интервју, поранешниот фронтмен на Police рече дека Diddy побарал дозвола само по објавувањето на песната, но додаде дека сега се „многу добри пријатели“, а Стинг дури тврдел дека песната на Diddy е „многу убава“.
„I’ll Be Missing You“ е снимена како почит на иконскиот њујоршки рапер The Notorious B.I.G., кој почина на 24-годишна возраст во 1997 година.
Nope. 5K a day. Love to my brother @OfficialSting! ? ✊??? https://t.co/sHdjd0UZEy
— LOVE (@Diddy) April 5, 2023