Целата регионална музичка сцена и сите што го сакаа Масимо Савиќ се уште се во целосен шок поради неговото заминување, а засега е познато само дека комеморацијата за уметникот кој остави длабок и незаборавен белег ќе се одржи во петок, на 30 декември, во 11 часот во Хрватскиот народен театар во Загреб.
Масимо ќе биде погребан во Задар, но датумот се уште не е познат.
„Желбата на Масимо беше да биде кремиран. Кога неговата сопруга Ени ќе ги има точните информации, ќе не извести и подоцна ќе дознаеме се за погребот. Комеморацијата во ХНК е договорена и сега се договараат сите детали. Тоа дефинитивно ќе бидат неговите најблиски, бендот и пријателите. Меѓу многуте музичари, сигурно ќе бидат Иво Попескиќ и Пеги Мартињак. Ќе настапат само инструменталистите бидејќи сè е замислено да биде инструментално, со оглед на тоа што Масимо беше „гласот“, така што нема да користиме друг глас“ изјави Лана Чулиг од Aquarius records, издавачката куќа на Масимо.