(ФОТО) Млад пациент од Клиниката за пулмологија апелира за помош: „Имаме право на лек! Трикафта за сите!“

На социјалната мрежа Фејсбук деновие се шири апелот на младиот Игор Пехчевски, кој е болен од цистична фиброза и бара поддршка од сите надлежни институции да му се помогне и да пристигне модуларната терапија за оваа болест, односно лекот „трикафта“.

Тој е хоспитализиран на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, а оттаму објави фотографија на која се гледа како лежи во болнички кревет и во рацете држи транспарент на кој е испишано: „Имаме право на лек! Трикафта за сите!“.

Advertisements

„Човечкиот живот нема цена, а ние болните од Цистична фиброза имаме право на лек. Модуларна терапија за сите! Секој ден се бориме за здив! Вашата емпатија и желба за поддршка поткрепете ја со решавање на реалните проблеми со кои се соочуваме. Бараме современи, стандардизирани услови за лекување, бараме модуларна терапија за сите пациенти. Ние имаме право на лек, а вие имате обврска да ни ги обезбедите лековите“, пишува Пехчевски во неговата Фејсбук објава.