Пробајте си ја среќата: Оваа држава доделува 500.000 бесплатни авионски билети

Како дел од иницијативата за поттикнување на туризмот и привлекување посетители, владата на Хонг Конг објави план за доделување дури 500.000 бесплатни авионски билети.

Иако неодамна беше најавена, иницијативата симболично наречена „Здраво Хонг Конг“ е плод на двегодишна работа.

Бесплатни билети за Хонг Конг ќе бидат достапни на три авиокомпании – Cathay Pacific, HK Express и Hongkong Airlines. Сето ова Хонг Конг ќе го чини 254,8 милиони американски долари. Извлекувањето на среќните добитници ќе се организира во три наврати.

Advertisements

Секој што сака да си ја проба среќата мора да се регистрира на официјалната веб-страница на аеродромот во Хонг Конг и да ги остави бараните информации.