Британските медиуми пишуваат дека Род Стјуарт, познатиот британски пејач неодамна, ја посетил болницата „Принцезата Александра“ во Харлоу и направи потег што ја воодушеви јавноста.
Тој со оглед на тоа што знаел дека листите на чекање за прегледи со магнетна резонанца се долги, решил да го плати прегледот во приватна болница за пациентите и со тоа да им помогне и ним и на болницата.
Пејачот, како што пренеуваат британските медиуми, изјавил дека сака да ги плати прегледте и на други места во Велика Британија, секаде каде што има преоптоварување на системот.
Минатиот месец, Стјуарт го најави овој потег откако телефонски се вклучил на шоуто на Sky News.
Тој тогаш изјави дека посетил приватна болница поради неговиот здравствен проблем и иако доцнел половина час, вработените му рекле дека нема проблем, бидејќи немало гужва. Тогаш, вели, сфатил дека има огромен јаз меѓу приватните и државните болници.
„Ако ова е огромен успех, што мислам дека ќе биде, би сакал да го направам во Белфаст, Даблин, Единбург, Глазгов, Манчестер итн. И се надевам дека ќе ме следат некои други луѓе“, изјави хуманиот пејач.