И лековите ќе поскапат

Зголемување на цените на некои лекови, кои се издаваат без рецепт, најави денеска Здруженеито на фармацевти.

Имер Имери, потпретседател на Комората на фармацевти, во изјавата за тв Алсат, потврдил дека вакви најави добиле од фармацевтските компании. Се очекува од 1-ви март да дојде до поскапување на лековите, тоа нема да се однесува за лековите кои се на позитивната листа или оние кои се земаат со лекарски рецепт.

„Имаме официјална информација од компаниите дека поскапување, особено од 1 март, ќе има кај лековите ОТЦ, каде поскапувањето ќе биде видливо,нема најава за лековите од позитивната листа и за другите лекови кои се земаат со лекарски рецепт. Поплаки има и од граѓаните. Тие се во право, има некои лекови кои недостигаат на фармацевтскиот пазар, како што се лекови за епилепсија кои одамна ги нема, а има и некои други лекови за срце кои лекарите ги препишуваат“, вели Имери за Алсат.

Advertisements