Шварценегер удрил велосипедистка, жената завршила во болница, а актерот направи потег за пофалба

Актерот Арнолд Шварценегер рано утринава удри велосипедистка со својот автомобил во западен Лос Анџелес, пишува TMZ.

Несреќата се случила кога жената свртела на спротивната лента, па актерот не можел да ја избегне несреќата.

Ова го потврдија очевидци, пишува TMZ и наведува дека засега нема докази дека актерот е виновен за несреќата.

Advertisements

Жената итно била пренесена во болница, а Шварценегер бил на лице место и разговарал со полицијата. Истрагата е во тек, но во овој момент се укажува дека актерот не можел ништо да направи за да го спречи немилиот настан.

„ТМЗ“ пишува и дека актерот не возел брзо, а жената која не била под дејство на алкохол или недозволени супстанци подоцна се пожалила на болки.

По несреќата, Арнолд Шварценегер го зел нејзиниот велосипед, го прикачил на својот автомобил и се упатил до локална продавница за да ја поправи штетата на возилото.

Токму овој потег на актерот кој не можел ништо да направи за да го спречи сударот, сепак е за пофалба – ретко кој би се нафатил да ја санира штетата по несреќа.