„Синоќа изгубивме легенда, тешко е да се каже со зборови колку брилијантен беше“ – почина познатиот американски актер Мајкл Лернер

Познатиот американски актер Мајкл Лернер почина во саботата на 82-годишна возраст, а веста за неговата смрт во неделата на својот Инстаграм профил ја сподели неговата внука Сем Лернер. Причината за смртта се уште не е позната.

“Синоќа изгубивме легенда. Тешко е да се каже со зборови колку брилијантен беше вујко ми Мајкл и колку големо влијание имаше врз мене. Неговите приказни секогаш ме инспирираа и ме тераа да се заљубам во глумата”, напиша Сем во нејзината објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam Lerner (@samlerner)

Лернер е роден во Њујорк во 1941 година и студирал драма на колеџот Бруклин. Подоцна добил Фулбрајт стипендија и поминал две години во Лондон пред да биде поканет да се приклучи на Американскиот конзерваториум во Сан Франциско. Го открил агент во Сан Франциско, кој го донел во Лос Анџелес, каде што започнала неговата холивудска кариера.

Advertisements

Со филмски и телевизиски настапи кои датираат од 60-тите години, холивудската кариера на Лернер траеше со децении. Неговите најрани улоги во текот на 60-тите и 70-тите вклучуваат појавувања на телевизиски емисии како што се The Doris Day Show, The Bob Newhart Show и M*A*S*H.

Неговиот прв филм беше Алекс во земјата на чудата, во кој глумеше заедно со Доналд Сатерленд и Елен Бурстин. Лернер продолжи да се појавува во филмови како што се The Ski Bum, The Candidate и Outlaw Blues.

Актерот се појави во повеќе епизоди на Hill Street Bluesa и Melb во средината на 80-тите пред да глуми во филмот Barton Fink во 1991 година. Неговата улога како извршен директор на студио, Џек Липник му донесе номинација за Оскар за најдобра споредна машка улога.

Подоцна глумеше во драмата на CBS Courthouse како судијата Мајрон Винклеман и го играше таткото на Шер Хоровиц, Мел Хоровиц една сезона во телевизиската серија Clueless од 1996 година и телевизиските серии како Law and Order: SVU, The Good Wife и Glee.