(ВИДЕО) Беше мажена за славниот пејач Ѕвонко Богдан и живееше како ѕвезда, а почина во тешка сиромаштија заборавена од сите

Српската актерка Гизела Вуковиќ живееше како ѕвезда, а почина во сиромаштија, како бездомничка, со болна ќерка и внук кој боледува од тежок облик на аутизам.

Познатата српска актерка и поранешна сопруга на пејачот Ѕвонко Богдан почина во 2015 година во темна соба на хотел за самци во кој ги помина последните 13 години од својот живот.

Добитничката на „Златната арена“ во Пула беше ѕвезда на југословенската кинематографија, а потоа среќата и го сврте грбот. Поради финансиски проблеми се најде на работ на егзистенција, поради што нејзиниот дом стана соба во хотел за самци, за која имала пари да ја плати ратата само неколку месеци.

Advertisements

„Кога тргнав од Суботица за Белград, татко ми Тома и мајка ми Викторија го продадоа мојот дел од земјата и ми дозволија да си купам стан во главниот град. И тоа го направив, во Немањина број три. Правото на живеење и го пренесов на ќерка ми, а потоа пристигнаа несреќните деведесетти. Агенцијата на ќерка ми почна да трупа долгови… Некои луѓе, најверојатно лихвари, не исфрлија на улица. После тоа често менувавме потстанарски соби и натрупувавме долгови. Ги изгубив сите мои фотографии во тие непрекинати селедби. Немам, деца, ниту една стара фотографија. Не знам ни каде ми остана „Арена“ – изјави еднаш Гисела за српски „Новости“.

„Не знам од кого не побарав помош. Сепак, сите ме заборавија“, изјави таа.

Иако претчувствуваше дека нема уште многу да живее и многу тешко се движеше, актерката до последниот ден се грижеше за својата болна ќерка Милица и аутистичниот внук Бранко.

„Ќерката Милица (66) со денови е болна, не станува од кревет, додека внукот Бранко има аутизам, па ретко излегува од собата. Во изминатите 11 години не сум стапнал подалеку од хотелскиот коридор. Едвај се движам со ова столче“, низ солзи рекла Гизела.

Се омажи двапати – првиот пат за таткото на нејзината ќерка Милица, која не беше јавна личност, а вториот пат за познатиот пејач Ѕвонко Богдан.

„Не сакам да зборувам за бракот со него. Одамна се разделивме и за што друго да разговараме. Тргнете го од мене. Не сакам да се сеќавам на него. Долго време не сум во контакт со него. Воопшто не ме интересира. Тој никогаш ништо не ми значел. Тој е оној кој се закачи за мене. Не ми треба ништо од него. За жал, не можев да се омажам за љубовта на мојот живот, актерот Јосип Бајиќ. Имаше различни пречки. Но, знам дека тој многу ме сакаше, а богами и јас го сакав – остро рекла актерката.

Иако социјалните работници и предложиле да се пресели во старечки дом, таа не сакала да ги остави болната ќерка и внук.

„Како да се одвојам од нив двајца. Мојата пензија е и нивен приход. Не можам да се одвојам од нив, не можам. Тие се се што имам. Нема да се одвојам од нив, дури и да треба да седам на улица неколку дена. Сакам само да видам некој скромен покрив над глава, па утре дента нека умрам“, изјави Гизела пред смртта во интервју за „Новости“.

Гизела Вуковиќ почина на 29 март 2015 година, на 89-годишна возраст, заборавена од сите.