(Видео) Браво Мими, прекрасна балада, потсетува на Тоше – фановите со восхит ја поздравија новата песна на младата велешанка

Младата пејачка Мими Јовановска освојува со својата најнова песна „Приказна за нас“ која ја објави на Јутјуб деновиве и има над 50.000 прегледи.

И секако тука се и многу комплименти за чистиот, нежен глас на пејачката која имаше и преубави настапи на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Еве што коментираат фановите на Мими:

Advertisements

„Загарантирана прва песна за танц на младоженците на свадба“

„Браво бе дете. Убава песна, убав спот, убав глас и преубава пејачка.“

„Неверојатно , колку ме потсетува на Тоше , можеби е ова нашиот женски Тоше. Со пристапот кон песната , со душата што и ја дава на текстот, мелодичноста. Браво девојче , да си жива и здрава.“

И така се нижат коментари на поддршка и восхит.