Роман Абрамович ќе остане без 26 милиони долари – Канада му го запленува имотот

Конфискација на имот тежок 26 милиони долари на рускиот олигарх Роман Абрамович,најави денеска канадската влада.

Предвидено е да му се одземе имотот на „Granit Kapitol Holdings Ltd” на Абрамович, поради сегашните санкции против Русија поради нападот врз Украина.

Advertisements

Канадската министерка за финансии, Кристиа Фриланд ги нарече руските олигарси соучесници во „нелегалната и варварска инвазија на Украина”.

„Затоа Канада нема да биде рај за нивниот незаконски стекнат имот”, изјави таа.

Европската Унија (ЕУ) исто така замрзна имот на руските бизнисмени.

Овие пари ќе бидат потрошени за обнова на Украина. Неколку руски бизнисмени се откажаа од руските државјанства.