(ВИДЕО) Бритни Спирс доживеала нервен слом во ресторан, сопругот побегнал

Пејачката Бритни Спирс, наводно, доживеала нервен слом во ресторан во Лос Анџелес во петокот вечерта, поради што дури и нејзиниот сопруг Сем Асгари го напуштил ресторанот.

Во петокот Спирс беше фотографирана во ресторан во Лос Анџелес, каде што вечераше со својот сопруг Сем Асгари. Ресторанот бил полн со посетители, кои веднаш ја препознале пејачката и почнале да ја снимаат. Штом Спирс забележала дека сите ја снимаат со своите телефони, таа добила нервен слом.

Таа почнала да вика и да зборува глупости, велат другите гости во ресторанот. Нејзиниот сопруг бил вознемирен поради тоа и набрзо истрчал од ресторанот. После тоа телохранителот на пејачката ја извадил Бритни од ресторанот и се вратил да ја плати сметката.

Advertisements