(ВИДЕО) Дали оваа песна има најголеми шанси да победи на Евровизија? Обложувалниците „горат“!

Шведската претставничка на „Евровизија 23“ и претходно ја претставуваше својата земја на овој натпревар, а во 2012 година победи.

Станува збор за пејачката Лорин која тогаш ја изведуваше песната „Еуфорија“, а сега повторно учествува на ова натпреварување со нумерата „Татто“(Tatto).

Оваа песна првпат ја изведе на настанот„Melodifestivalen“, а кога победи автоматски стана учесничка на Евровизија.

Advertisements

Настапот и песната „Татто“ за неполни 15 часа од објавувањето на Јутјуб има над 200 илјади прегледи, а таа бројка рапидно расте.

„Лорен доаѓа во Ливерпул за да се состави со црната земја“, гласи духовит твит од корисник на „Твитер“.

Инаку, Шведска моментално е прва на победничката листа кога се во прашање обложувалниците.