(ВИДЕО) Филмот за Мерилин Монро помина неславно – номиниран е за најлош во 2022 година

Blonde, филмот за животот на Мерлин Монро, е номиниран со дури осум „Златни малини“, пишуваат американските медиуми.

Потоа „Good Mourning“, комедија на раперот и пејач Machine Gun Kelly, има седум номинации.

Иако најновиот филм „Елвис“, во кој Том Хенск го игра менаџерот на пејачот, Том Паркер, е фаворит за најдобар филм на годинешните Оскари, Хенкс беше малку изненаден кога дозна дека заработил три номинации за наградата „Златна малина“ – награда  која се доделува за најлошите филмски остварувања во годината.

Advertisements

Тој беше номиниран за „Златна малина“ за две улоги. Едната во која го игра на менаџерот на Присли во биографскиот филм „Елвис“ и за улогата на Џепето во римејкот на Дизни на „Пинокио“.

Во соопштението на организаторите на наградите „Златна малина“ се наведува дека улогата на Хенкс во филмот „Елвис“ е „најисмејуваната изведба за 2022 година“.

Инаку, Хенкс е во потесниот круг за Оскар за најдобар актер за „Човекот наречен Ото“.