(Видео) Го нарекао „бог на гитарата“ и навистина беше најдобар на светот – да ги слушнеме Џеф Бек и Ерик Клептон заедно

„Во име на неговото семејство, со длабока тага ја објавуваме веста за смртта на Џеф Бек. Тој почина вчера мирно по ненадејна инфекција со бактериски менингитис“, се вели во порака од претставниците на славниот музичар објавена на Твитер.

Џеф Бек важеше за еден од највлијателните гитаристи во светот. Неговата работа се рефлектира во музички стилови како што се блуз рок, хард рок и фјужн, а списанието Ролинг Стоун го нарече „бог на гитарата“. Во 2011 година, Ролинг Стоун го вброи како еден од најголемите гитаристи во светот, каде што беше рангиран на петото место.

Бек ја започна својата музичка кариера во рок бендот од 1960-тите Yardbirds, во кој беа вклучени и Ерик Клептон и ко-основачот на Лед Цепелин, Џими Пејџ.

Advertisements

Во 1967 година, Бек ја формираше својата група Џеф Бек Груп и ја започна својата соло кариера во средината на 1970-тите.

Има освоено осум Греми награди и двапати беше примен во Рокенрол Куќата на славните, во 1992 и 2009 година.

Во 2022 година, го објави албумот наречен „18“ во соработка со актерот Џони Деп, кој беше негов близок пријател. Направија заедничка турнеја во текот на летото по завршувањето на судскиот спор меѓу Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Да се потсетиме на незаборавната заедничка изведба – Ерик Клептон и Џеф Бек со евергринот, Moon River.