(ВИДЕО) Ѓоковиќ се фати за микрофон и запеа позната песна – крена на нозе цела кафана

По освојувањето на Австралија опен Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Белград, каде што одмара пред да продолжи сезоната, бидејќи сè уште не е познато на на кој следен турнир ќе настапи.

Одморот го користи и за убаво да се забавува, па во саботата навечер беше на прослава со блиски пријатели и семејството, а најубаво си помина во друштво на мајка му Дијана и таткото Срѓан со кои долго време и пееше на прославата.

Advertisements

Семејството Ѓоковиќ беше доста весело, а Новак со своите родители ги отпеа репликите од познатата песна “Gledam kapu đeda svoga”“.

Покрај тоа, Новак и Срѓан имаа и танцов настап, а сите присутни ги отпоздравија со насмевки.

На социјалните мрежи брзо почнаа да се шират видеа од прославата, па од избраниот репертоар се воодушевија и луѓето од Црна Гора.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bar na dlanu (@barnadlanu_)