(ВИДЕО) Играше за Југославија и Реал, но еден автогол му ја уништи кариерата – „живеам од ден на ден, во тешка ситуација сум“

„Горд сум, тоа е можеби моја грешка. Се што ми се случуваше силно ме погоди и не разговарав со никого. Живеев во тишина и се затворив во себе“, изјави Предраг Спасиќ, познатиот српски фудбалер кој прекратко го живееше сонот за секој што допрел топка.

Предраг Спасиќ денес има 57 години и е во тешка финансиска ситуација, поради што јавно побара помош. Тој беше член на репрезентацијата на Југославија која беше елиминирана во четврт-финалето на Светското првенство во 1990 година, откако Аргентина победи на пенали.

Тогаш неговиот талент го забележа Реал Мадрид. Тој пристигна во Шпанија, но замина по една сезона. Одигра 22 натпревари, но автогол на „Ел Класико“ го чинеше да остави подлабока трага во историјата на „Кралевите“. Самиот Спасиќ изјави дека тој автогол му ја уништи кариерата.

Advertisements

„За се беше виновна една лоша игра. Животот ми се смени по средбата со Барселона на Ноу Камп. Не мислев да дадам автогол, се колнам! После тоа беше страшно… Се сеќавам на секој момент. Топката ме удри, влезе во мрежата, сакав да умрам. Ноу Камп ме „закопа“ како играч. Никогаш нема да го заборавам скандирањето на тој стадион „Спасиќ, Спасиќ“. Само што доаѓаше од навивачите на Барселона“, ја раскажа еднаш Спасиќ својата неславна епизода со „Ел Класико“.

После тоа се пресели во Осасуна и помина четири години во Примера.

Сепак, парите од фудбалот не успеа да ги вложи во вистинските работи. Банкротираше откако вложи пари во проект кој подоцна пропадна. Денеска работи во магацин во Крагуевац за 400 евра месечно.

„Ми треба помош во економска смисла. Живеам од ден на ден, во тешка ситуација сум. Треба да бидеш силен за да надминеш се“, им порача Спасиќ на шпанските новинари.

Пред ова речиси 30 години не се појавуваше во медиумите. Кога слушнале за овој случај, го контактирале од Здружението на ветерани на Реал Мадрид за да му помогнат. Ветија дека ќе му помогнат на Спасиќ.