(ВИДЕО) Историско достигнување во нуклеарната фузија, човештвото е на чекор до неограничен извор на енергија

Американските научници во вторникот претставија остварен напредок во користењето на енергија од процесот на нуклеарна фузија, која би можела да помогне во борбата против климатските промени доколку се успее во нејзина примени за комерцијално производство на електрична енергија во наредните децении.

На 5 декември, научниците од лабораторијата „Лоренс Ливермор“, во американската сојузна држава Калифорнија, за првпат постигнаа кратка енергетска добивка во експеримент со фузија користејќи ласери, објави американското министерство за енергетика.

Научниците насочија ласер кон гориво за да спојат два атоми во еден потежок, при што се ослободила енергија.

Advertisements

Кимберли Будил, менаџер на лабораторијата, на презентацијата на откритието организирана од Министерството за енергетика им рече на новинарите дека пречките во науката и технологијата значат дека комерцијализацијата веројатно ќе биде можна за помалку од пет децении.

„Со фокусирани напори и инвестиции, неколкудецениското истражување на основните технологии би можело да не доведе во позиција да изградиме електрана“, рече Будил.

Научниците знаат околу сто години дека енергијата на нуклеарната фузија се ослободува во Сонцето и тие се обидуваат да ја развијат на Земјата со децении.

Арати Прабакар, директор на Канцеларијата за наука и технологија во Белата куќа, рече дека експериментот е „огромен пример за напредок постигнат преку упорност“.

Нуклеарните научници велат дека достигнувањето ќе биде голем чекор напред, но дека ќе бидат потребни многу истражувања пред фузијата да стане комерцијално исплатлива.

Тони Рулстон, експерт за нуклеарна енергија од Универзитетот во Кембриџ, процени дека енергетската добивка од експериментот изнесува само 0,5 отсто од енергијата потребна за вклучување на ласерите на прво место.

„Затоа, можеме да кажеме дека овој резултат е успех на науката, но се уште е далеку од обезбедување корисна, изобилна, чиста енергија“, рече Рулстон.

Енергетската индустрија го поздрави откритието, но нагласи дека за да се направи енергетска транзиција, фузијата не треба да го попречува развојот на други алтернативи како што се сончевата енергија, енергијата на ветерот и нуклеарната фисија.

„Тоа е првиот чекор што вели: „Да, ова не е само сон, тоа може да се направи, теоретски“, рече Ендрју Соудер, виш директор на непрофитната група за истражување и развој на енергијата ЕПРИ.

„Палењето на плазмата ни овозможува за прв пат да создадеме услови кои постојат само на Сонцето, односно во ѕвездите. Ако можеме да направиме напредок во фузиската енергија, би можеле да ја користиме во иднина за производство на електрична енергија без загадување на животната средина, како и за транспортни горива, енергија за тешката индустрија и многу повеќе“, рече Џенифер М. Гранхолм, секретар за енергетика на САД.