(ВИДЕО) Катастрофалниот земјотрес не го остави рамнодушен – Ѓоковиќ испрати порака до народот на Турција

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ преку видео објавено на Инстаграм упати порака до народот на Турција.

„Здраво на сите, јас сум тука со мојот пријател Јусуф во Белград, сакам да ги испратам моите најдобри желби и поздрави до сите луѓе во Турција кои сега минуваат низ многу тешки моменти. Сум видел фотографии и видеа од разорниот земјотрес и ефектот врз сите семејства. Моето срце е со сите и се надевам дека луѓето ќе останат силни и ќе закрепнат заедно многу брзо. Ви ги испраќам моите најдобри желби и останете силни“, порача Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ моментално е во Србија каде се подготвува за продолжението од тениската сезона. Следниот турнир ќе го игра во Дубаи (27.02), доколку се оди според планот, а сега ја искористи можноста уште еднаш да застане со народот на Турција.

Advertisements

Српскиот тенисер се уште чека одговор дали ќе може да игра на турнири во САД и дали ќе се натпреварува во Индијан Велс и Мајами.