Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска во интервју за Радио Слободна Европа најавува дека проектот БРТ кој го наследи од нејзниот претходник до СДСМ се ревидира, отстранети се недостатоците и дека е во почетна фаза, но не открива кога ќе стартува на терен.
„Се ревидира планот, затоа што имаше голем дел на недостатоци кои ги детектиравме, имајќи в предвид дека и пред очите на јавноста беа истакнувани голем дел број на забелешки, не само за трасата туку и на начинот на кој ќе се имплементира, нешто кое ние го преговаравме доста време, и она кое што сакаме да го понудиме е најдоброто решение за градот“, вели Арсовска.
Во интревјуто Арсовска вели дека се доживува како успешна градоначалничка бидејќи целта и е да стави ред во градот.