(ВИДЕО) На Шварценегер му здосади да ги чека градските власти и се фати за лопата – асфалтираше дупка на улица

Холивудската акциона ѕвезда и поранешен гувернер на сојузната држава Калифорнијаm Арнолд Шварценегер деновиве се најде во улога на работник на пат.

Како што напиша во описот на видеото кое го објави на својот профил на Твитер, му здосадило да чека градот Лос Анџелес да поправи голема дупка на патот, па решил да ги преземе работите во свои раце и да ја заврши работата за нив.

„Секогаш велам: Да не се жалиме, ајде да направиме нешто околу тоа“, напиша 75-годишниот актер.

Advertisements