(ВИДЕО) Ова ретко се гледа: Ѕирнете во приватниот авион на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ отпатува во Дубаи на турнирот (серија 500) кој ќе започне на 27 февруари со намера да атакува на 94-та титула во кариерата. Се претпоставува дека заминал со приватен авион во кој јавноста ретко има можност да ѕирне.

Се претпоставува дека Ѓоковиќ поминува околу 200 часа годишно во својот приватен авион додека лета од турнир на турнир, а најмногу за неговиот авион српската јавност дозна кога нивната репрезентација отпатува на АТП купот во 2020 година.

Advertisements

Овој приватен авион е производ на „Нетџетс“, а истиот бренд низ годините го користел и Роџер Федерер.

Се претпоставува дека Ѓоковиќ почнал да користи приватен авион во 2015 година.

Авионот е опремен со Wi-Fi интернет, а има и катче со забавни содржини. Ѓоковиќ може да гледа филмови и серии со семејството и пријателите, но и да ужива во друштвените игри со кои често го поминува времето.

„Спортот со кој се занимавам вклучува постојано патување. Но, компанијата се труди да ме пречека и јас секогаш стигнувам на време на мојата дестинација“, е познатата изјава на Ѓоковиќ на веб-страницата на компанијата која всушност го изнајмува неговиот авион.

Тоа е еден од најмодерните авиони во светот, кој нуди се што му треба на патникот, па дури и повеќе.