(ВИДЕО) Сапуницата Шакира – Пике нема крај – фудбалерот баш има смисла за хумор

Жерар Пике и Шакира не престануваат со провокации, откако се разделија. Пејачката неодамна го провоцираше фудбалерот со песна, за која многумина оценија дека е немилосрдна во своите стихови кои се наменети токму за нејзинината поранешна љубов.

Колумбиската пејачка во песната пее „Преголема сум за тебе, затоа си со некој како тебе“. Нејзините обожаватели веруваат дека токму овој текст е посветен на Пике и неговата нова љубов.

„Кога ми требаше, ми ја даде најлошата верзија од себе“, пее Шакира, а овој дел го поврзуваат со периодот на нивната разделба кога во исто време нејзиниот татко беше хоспитализиран во тешка здравствена состојба.

Advertisements

„Волчица како мене не е за дечиња како тебе. Те надраснав, па затоа си најде девојка која е иста како тебе. Јас вредам колку две 22-годишни. Ти посакувам сè најдобро со мојата замена, ама ти замени „ферари“ за „твинго“, замени „ролекс“ за „касио“… Цело време вежбаш, можеби треба да го повежбаш малку и мозокот“, пее Шакира во новата песна.

На ова Пике не остана должен и еве како ѝ врати на пејачката:

„Имам голема најава. Касио ни подари часовници. Имаме договор со Касио, тие ја спонзорираат оваа лига“, изјави Пике додека останатите во студиото гласно се смееја во текот на емисија која се емитуваше на стриминг платформата „Твич“.