„Ви посакувам магичен роденден и се надевам дека ќе се запознаеме оваа година“, со видео порака славната Шерон Стоун ѝ честита роденден на Северина, која таа ја сподели на Инстаграм не криејќи колку ѝ значи оваа роденденска порака.
Хрватската пејачка ѝ се заблагодари на Орнела Амулиќ, поранешна ѕвезда на Големиот брат, која денес работи како продуцент во Америка и која ѝ го приредила ова иненадување.
Еве, како Северина и се заблагодари на американската актерка.
„О, блажена Богородице, не знам како да кажам нешто за Шерон Стоун… која исто така ми го честита роденденот. Само уште да ми се појави Богородица… Што да кажам освен – благодарам на една прекрасна, многу паметна (IQ 154) и силна жена, мајка, актерка, икона и идол на генерацијата, која направи многу добро за жените“, пишува меѓу другото хрватската пејачка.
View this post on Instagram