Тажно е да се види Кристијано Роналдо во оваа ситуација.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата минува низ тешки моменти во Саудиска Арабија.
Не може да се помири со фактот дека повеќе не е на радарот на повеќето навивачи, а противничките симпатизери успеа да му дотурат сол на раната.
Ал Итихад со 1:0 го совлада Ал Наср, за кој настапува Роналдо, и со тоа го презеде првото место на табелата.
Португалецот во текот на целиот натпревар мораше да се справува со провокациите на повеќе од 60.000 навивачи.
Во текот на натпреварот неколку пати го скандираа името на неговиот најголем ривал Лионел Меси.
По завршувањето на натпреварот, додека Роналдо го напушташе теренот, уште еднаш се слушна „Меси, Меси“.
Тоа беше вистинска повод за гневот на Роналдо, па веднаш со пцовки го шутна шишето.
جمهور نادي الاتحاد يردد اسم الأسطورة ميسي لحظة خروج لاعب النصر كرستيانو رونالدو pic.twitter.com/DR72aKSaJ0
— Messi Xtra (@M30Xtra) March 9, 2023