(ВИДЕО) Златан Ибрахимовиќ успешно ја започна својата актерска кариера – неверојатна сцена од неговото филмско деби

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ дебитираше во новиот филм за Астерикс и Обеликс.

На социјалните мрежи почнаа да кружат и видеа на кои се гледа како фудбалерот на Милан вежбал за улогата.

Во тој филм, Златан ја игра улогата на негативецот, римскиот генерал Антивирус, кој бил задолжен од Цезар да го уништи галското село.

Advertisements

Неговото појавување предизвика низа реакции на социјалните мрежи, а премиерата на филмот се одржа во Париз.

Ибрахимовиќ работеше напорно за да ја одигра улогата што подобро, а судејќи по видеата од тренингот, тој направи се на одлично ниво.

Негов посебен плус е познавањето на боречките вештини, како и харизмата која лесно се забележува во сцените од филмот.