Познатиот руски астролог Павел Глоба првпат ги објави своите предвидувања во раните 80-ти години на минатиот век.
Околу 85 отсто од неговите предвидувања се исполнети и тоа важи за астролог кој речиси никогаш не „промашува“! Овој пат Павел Глоба откри за кои хороскопски знаци 2023 година носи просперитет, љубов и пари. Според него, трите знаци ќе исполнат се што наумиле!
Еве ги знаците:
БЛИЗНАЦИ
Најголемата среќа им се насмевнува на Близнаците во 2023 година! Ќе имаат големи и долгорочни цели, но апсолутно се ќе постигнат лесно. Ќе постигнат се што ќе замислат и тоа многу ќе влијае на нивната финансиска состојба. Драги Близнаци, доколку долго време имате идеи и планови, следната година е идеална за вас да ги засукате ракавите и да почнете да ги спроведувате! Искористете го периодот кога ѕвездите ви се наклонети.
РАК
Раковите ќе почувствуваат значителна промена во својот живот. Конечно, среќата е на нивна страна, а тоа ќе го докажат и резултатите кои ќе се постигнат без многу труд и вложување. Тие ќе вклучуваат парични добивки, напредок на работа, скапи подароци, па дури и игри на среќа. Раковите ќе бидат исполнети и на љубовен план, каде сè ќе пукне од романса.
СКОРПИЈА
Ако некој заслужува финансиски напредок, тоа дефинитивно се Скорпиите. За разлика од Раковите, Скорпиите ќе го добијат овој напредок со напорна работа и труд. Монетарните добивки пристигнуваат кога најмалку очекувате, а во текот на 2023 година можете да очекувате унапредување или понуда за нова, многу подобро платена работа. Вечниот совет за Скорпиите е да не брзаат со непланирани и непотребни трошоци.