Замина во вечноста, Сиксто Родригез, човекот со неверојатна животна приказна

Вчера, 9-ти Август 2023г., на 81 година, почина Сиксто Родригез (Sixto Rodriguez). Тој беше и ќе остане неверојатна фигура во светот на музиката.

Иако иницијално избледува во анонимност во Соединетите Држави откако неговите први албуми не постигнаа успех кој што го очекуваше, неговата музика стана извор на инспирација за милиони негови фанови во Јужна Африка каде беше попопуларен од Елвис Присли – а тој тоа не го знаеше!

“Шуагармен” е негова најпозната композиција, но секако не и најинтересна во неговата животна приказна.

Advertisements

Приказната за човекот од Детроит, кој едвај преживуваше со тешка физичка работа, а незнаеше дека е идол на милиони фанови на некое далечно место, звучи како неверојатна, но е вистинита приказна која е прикажана во документарниот филм “Барајќи го Шугармен” (“Searching for Sugar Man”).

Документарецот ја прикажува кариерата на Rodriguez, како и потрагата по него од посветените фанови кои му помогнаа да го освои признанието кое што го заслужува.

Филмот е добитник на Оскар и препорачуваме да го погледнете доколку веќе не сте го направиле тоа.

Доколку линкот подолу не е достапен, побарајте го на јутјуб целиот филм (“Searching for Sugar Man”).

Почивај во мир, Сиксто!
Твојата музика и животна приказна и понатаму ќе продолжат да бидат инспирација и ќе допрат до многу срца.