ЖЕНА ПУКАШЕ ВО СОПРУГОТ КОГА ГО НАЧЕКА СО ЉУБОВНИЦАТА: Знам дека дефинитивно ќе завршам во затвор, но тој заслужи куршум (ФОТО)

Сопруга од Тексас обвинета откако го застрелала сопругот кога го нашла со љубовницата!

Стефани Аревало (34) била приведена од полицијата на Брајан откако го застрелала својот сопруг во ногата кога го фатила како ја изневерува. Телевизијата KBTX јавува дека Аревало се заканувала дека ќе пука во жената која ја затекнала со нејзиниот сопруг.

На мажот, чие име не се соопштува, добил повреди кои не се опасни по живот и е пуштен на домашно лекување. Полицијата соопшти дека Аревало сама се јавила на 911 и чекала да пристигне полицијата да ја уапси.

Advertisements

Наводно, Аревало и рекла на полицијата дека нејзиниот сопруг „заслужил куршум“ и дека знаела дека таа ќе заврши во затвор. Шерифот на округот Бразос ја обвини осомничената за тежок напад и семејно насилство со смртоносно оружје.

Аревало беше ослободена од затвор два дена подоцна.

Датумот за почеток на судењето се уште не е одреден.