Животот му висел на конец – откриени детали од биографијата на популарниот српски актер Мики Манојловиќ

Популарниот српски актер Мики Манојловиќ е дете на актерите Иван и Зорка Манојловиќ, која имала потешкотии при раѓањето на Мики.

„Едвај го преживеав раѓањето. Лекарите рекоа дека е еден од илјада случаи што и мајката и бебето остануваат живи“, изјавила претходно Зорка и открила дека нејзиниот син уште од мали нозе бил врзан за „штици што живот значат“, пишува Нова.рс.

„Во театарот во Ниш имавме се, дури и топла вода. Го пресоблекував и го доев во соблекувалната, на паузите. Мики е дете на театарот. Сè му подредивме на неговото среќно детство. Мојот син секогаш имаше појадок, ручек и вечера. И нашата љубов. Се знаеше: куќа, театар, куќа. Не сакав слава и не сакав моето дете да се дрогира. Беше толку скромен што ме изнервира. Одиме во слаткарница и го прашувам синко што ќе и купиш на мајка ми, ми вели вода. Каква вода, се нервирам, а во основа јас и Иван сме такви, скромни. А нашиот Мики навистина беше и останува нормално, скромно суштество“, изјавила мајката на Мики, пренесуваат српските медиуми.

Advertisements

Зорка Манојловиќ глумеше баба во филмот „Рани“, а почина во 2013 година во Белград.