ЈП „Паркови и зеленило“ на својата фејсбук страница попладнево објави дека пожарот кој ноќеска избувна во дирекцијата на претпријатието, поточно во делот на архивата, магацинот и просториите на Секторот за финансии бил подметнат, а лицето е снимено од безбедностите камери.
„По брзата реакција на чуварската служба и брзата интервенција на противпожарната бригада пожарот е навремено изгаснат и не е причинета голема материјална штета, сите документи се сочувани, како и просториите на претпријатието. Веднаш на лице место излезе увидна екипа на МВР за утврдување на причините за пожарот. Снимките од безбедносните камери на претпријатието покажуваат дека пожарот е подметнат од непознат сторител, велат од претпријатието.
ЈП „Паркови и зеленило“ најостро го осудува овој чин на намерно опожарување на просториите на претпријатието и активно ќе соработува со надлежните органи во собирањето на докази за расчистување на случајот, изнаоѓање на сторителите инивно изнесување пред лицето на правдата, се вели во реакцијата на претпријатието.