Во Полициската станица Аеродром, 20-годишна девојка од Скопје пријавила дека таа и 20-годишник од Куманово биле измамени од едно женско лице за сума од 12.576 денари.
Според пријавеното, тие стапиле во контакт со лицето, кое им понудило да им посредува за добивање работни места во Германија, а за што побарала надомест.
„Како што е пријавено, во неколку наврати ги уплатиле парите на сметка во банка и откако ја информирале дека нема веќе да пуштаат пари додека не потпишат договор, лицето го прекинало контактот и не им ги вратило парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР.
Advertisements
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Партиски војници на ДУИ ќе стражарат пред Уставен суд
Време е да се приземји во депонија: владиниот авион е старудија, ни потрошил 3,5 милиони е...
„СДСМ заборави на „нема правда нема мир“, мора внимателно да ги слуша граѓаните“ - Каранфи...
„Принципот како досега заврши, Македонците и Албанците ќе ја дознаат вистината за профитер...
„Не треба да чекаме да дојде некој нов Св. Климент, треба да го разбудиме во нас“ - Сиљано...