Ахмети: Не ги обвинив Алфа и Телма, ме иритира говорот на омраза против Албанците

Не сум ги обвинил телевизиите Алфа и Телма, туку сум иритиран од тоа што го слушам од сограѓаните Македонци, кои со говор на омраза зборуваат против Албанците, односно велат дека Албанците ќе ја преземат државата, дека Македонија станува Албанија, а слушам и навреди упатени до Артан Груби и до Бујар Османи, изјави вечерва претседателот на ДУИ, Али Ахмети во вечерашната емисија „Клан дебата” на Телевизија Клан.

„Оваа земја е наша заедничка. Мора заедно да ја изградиме. Мора заедно да одиме напред. Заедно мораме да придонесеме за членство во ЕУ“, рече Ахмети.