Ахмети: Парламентарното мнозинство е стабилно, постои перспектива да се создаде алијанса за Европа

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска изјави дека парламентарното мнозинство е стабилно, но и дека постои перспектива да се прошири, создавајќи една алијанса за Европа.

„Парламентарното мнозинство е стабилно, но има еден поопширен и поперспективен пристап да се прошири тоа мнозинство и да се создаде една алијанса за Европа“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети одговарајќи на новинарско прашање дали сме поблиску до зголемување на мнозинството или до избори.

Advertisements

Во однос на евентуалниот влез на Алијанса за Албанците во Владата и намалувањето на пратеничката група на ДУИ поради незадоволството на „огнената група“, лидерот на ДУИ негира било каква врска.

„Ова нема никаква врска со ‘огнената група’“, рече Ахмети.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вчера изјави дека постои реална можност за влез на неговата партија во Владата.

„Ако не станеме дел од Владата, тогаш одиме на избори. Нема друго решение. Сепак, приоритет за нас се уставните измени и затоа сме спремни да станеме дел од Владата за да го помогнеме процесот“, изјави Таравари во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.