Новата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Северна Македонија, покажува дека како утре се одржат предвремени парламентарни избори 19 отсто од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека 11 отсто за СДСМ, 7 отсто ќе гласаат за ДУИ и 6 отсто за Левица.
Споредено со ноември од минатата година, истражувањето покажува пад кај поддршката на владејачката СДСМ од 5 отсто и кај ВМРО-ДПМНЕ од 1 отсто, додека Левица бележи раст од 2 отсто за една година.
Рејтингот на ДУИ останува непроменет, односно 7 отсто од граѓаните би гласале доколку се одржат предвремени парламентарни избори. За Алијанса за Албанците би гласале 5% од исптианиците, што е пад за 1 отсто споредено со расположението на граѓните од ноември, минатата година. Поддрката за БЕСА е константна, односно 4 отсто од испитаниците се изјасниле дека својот глас ќе го дадат за оваа политичка партија.
Она што е забележително од анкетате е и високиот процент од 21 отсто на неодлучени или кои незнаат за која политичка партија би гласале, додека пак 12 отсто се изјасниле дека нема да излезат на избори.
Анкетата е спроведена во име на Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на Тејлор Нелсон Софрес и Галуп Интернешнл). Податоците се собрани од 23 септември до 13 октомври, 2022, со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците. Анкетиран е национално репрезентативен примерок од 1.207 испитаници на возраст од 18 години и повеќе. Податоците се пондерирани според возраст, пол, регион, населеното место (урбано/рурално) и етничката припадност. Маргината на грешка е ± 2,8 поени на ниво на доверба од 95%. Стапката на одговор е 69%.