Во последната анкета која ја објави Меѓународниот републикански институт – ИРИ, како најспосакувана или најпопуларна политичка личност од испитаниците е наведен некогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со 7 отсто од анкетираните, што е раст за 4 отсто за период од една година.
По него следуваат претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети со по 6 отсто, што е за еден отсто повеќе од актуелниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.