На денешниот завршен народен собир на Левица во Скопје од парламентарна кампања 2024, претседателот на Левица и носител на ИЕ1, Димитар Апасиев порача дека AСНОМ е она што сега го возобнувуваме.
„Тие што нè ословуваа дека сме националисти, нека знаат дека повеќе Турци и Бошњаци ќе влезат преку листите на Левица, отколку преку нивните етнотрибалистички листи”, рече Апасиев во своето обраќање кон граѓаните.
Според Апасиев, Левица не е лажна опозиција и Левица има светла иднина.
Advertisements
,,Оставете ги овие балони што се дуваат, овие максовци кои ќе испарат за година – година и пол. Ние на овие избори очекуваме да влеземе со пратеничка група, а нашиот народ знае дека треба да го даде гласот за Левица!”, порача Апасиев.
Својот говор, Апасиев го заокружи со благодарност до членовите и симпатизерите на Левица.
,,Сакам да ви се заблагодарам најискрено и најчовечки, бидејќи вие сте денес тука – водени од идеали и од каузата што нè обединува. Никој од вас не зеде пари, за да дојде тука на овој заеднички Народен собир на Левица. Никој од вас не го вработивме преку Левица. Сега имаме набљудувачи во рекорден број. Како никогаш досега разваливте на терен. Веќе го надминавме епитетот на мала и фејсбук – партија, затоа се плашат од нас. И има зошто да се плашат!”, додаде Апасиев.
Во однос на класната борба, претседателот Апасиев рече:
,,Сиромашниот Албанец, сиромашниот Ром, сиромашниот Бошњак, сиромашниот Турчин ни е поблизок од македонскиот чорбаџија. И затоа, елајте, браќа и сестри! Елајте, народи и народности! Елајте во Левица, за да го вееме бајракот на слободата!”
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...