Боки 13 ја напушти емисијата во живо кај Лазаров поради полиција во неговиот дом

По првиот поткаст кај јутуберот Стефан Лазаров, Бојан Јовановски- Боки 13 најави втор поткаст.

Токму вечерва кога гостуваше, во еден момент мораше да го напушти студиото откако му јавија дека има полиција во домот кај неговите родители.

Advertisements

Како што соопшти Јовановски-Боки 13, пријавен бил од Зоран Милески-Кичеец, за загрозување на сигурноста.

„Пријавен сум за загрозување на безбедност. А тој е човекот што сакаше да ме замолчи. Тој тоа го пробува и преку полицијата тоа го направи. “, вели Боки 13.

Тој соопшти дека по подкастот ќе оди во полцииска станица.

„Тој е последниот човек кој било што треба да пријавува. Ќе се јавам на тој информативен разговор, соодветно“, додаде Боки 13.

Додаде и: „Цела Македонија знае дека сум овде на подкаст, може тогаш е пријавата, може тогаш полицијата морала да постапи“.

Став за ова, „Скопје1“ побара и од МВР. Оттаму очекуваме одоговр.

Ова доаѓа откако Милески беше обвинет од Боки 13 вчера објави дека Кичеец се обидува да го спречи неговото гостување во подкастот.