Арачиновец ја киднапирал сопругата која сакала да се разведе – се заканил со пушка и ја извлекол од дома

Скопското обвинителство отвори истрага за кривично дело грабнување кое го сторил жител од општината Арачиново кој заедно со уште едно лице ја грабнале сопругата со која бил во постапка на развод.

Грабнувањето, како што информира ОЈО се случило на 7 декември, од семејна куќа во селото Отља во општината Липково.

„На присутните домашни им се заканиле со пиштол и автоматска пушка со намера да ја присилат оштетената да остане во брачна заедница со осомничениот. На главата и ставиле навлака за перница, па така ја влечеле кон задниот излез од дворот на куќата“, информира Обвинителството.

Advertisements

За осомничениот грабнувач е побаран и притвор.