Путин им честита Нова година само на пријателите – Вучиќ, Лукашенко и Орбан

Рускиот претседател Владимир Путин испрати новогодишна честитка до светските лидери, пренесува веб-страницата на Кремљ.

Портпаролот Дмитриј Песков рече дека Путин нема да им честита на лидерите на „непријателските земји“ бидејќи „практично немало никакви контакти“ со нив.

Advertisements

Тој им честиташе на 22 лидери, вклучувајќи ги и лидерите на непризнаените Абхазија и Јужна Осетија. Во Европа честитки беа испратени само до српскиот претседател Александар Вучиќ, унгарскиот премиер Виктор Орбан и Александар Лукашенко од Белорусија.

Меѓу другите пријатели на Путин се кинескиот претседател Ши Џинпинг, индискиот премиер Наренда Моди, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и сирискиот претседател Башар ал Асад. Путин не му честиташе на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Исто така, на веб-страницата на Кремљ, посебно е забележано дека Путин им честитал на некои поранешни лидери на странски држави – Силвио Берлускони, Роберт Кочарјан, Нурсултан Назарбаев, Серж Саркисјан, Герхард Шредер.