Турските власти денеска објавија дека се издадени 113 налози за апсење во врска со изградба на згради што се урнаа во земјотресот во понеделникот.
Турската полиција веќе приведе најмалку 12 лица, вклучително и изведувачи, а се очекуваат уште апсења.
Мехмет Јашар Јошкун, градител на луксузната зграда „Резиденс ренесанса“ во турскиот град Антакија, која беше уништена од земјотресот, приведен e на аеродромот во Истанбул во обид да побегне во Црна Гора.
Advertisements