Арсовска назначи нови директори на МКЦ, Зоолошката градина и „Водовод и канализација“

По завршување на мандатот за кој беа назначени в.д. директорите на ЈП „Водовод и Канализација“, МКЦ и Зоолошката градина, градот Скопје назначи нови директори со значителено работно и раководно искуство, информираат од Град Скопје.

За нов директор на ЈП „Водовод и Канализација“ е назначен Драган Илиевски кој е, како што соопштуваат од Град Скопје, машински инженер со повеќе од 20 години работно искуство.

Досегашниот директор на претпријатието, Марјанчо Митовски, кој на позицијата бил назначен од редот на вработените, ќе продолжи со ангажман како секторски директор на претпријатието.

Advertisements

Нов директор на Зоолошката градина е Зоран Попов, кој доаѓа од редот на вработените. Попов е економист со 20 годишно работно искуство, соопштуваат од Град Скопје.

Од Градот најавуваат дека Младинскиот културен центар МКЦ ќе добие нов директор по евалуацијата на биографиите за позицијата.

Косана Мазнева назначена е со нов мандат и ќе продолжи да ја извршува функцијата директор на јавното претпријатие Комунална Хигиена, информираат од Град Скопје.