(ВИДЕО) Хеликоптер се урна во близина на градинка во Киев – Загинаа деца и високи полициски функционери!

Хеликоптер се урна денеска во близина на градинка и станбена зграда во градот Бровари, недалеку од главниот град на Украина, Киев. Во несреќата загинале најмалку 18 лица, помеѓу кои и високи функционери на украинското министерство за внатрешни работи. Меѓу загинатите се министерот за внатрешни работи Денис Монастирски, неговиот прв заменик Јевген Јенин и државниот секретар во министерството Јуриј Лубковиќ, соопшти Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи. Меѓу жртвите има и три деца.

„Киевската област. Во градот Бровари падна хеликоптер во близина на градинка и стамбена зграда. Во моментот на трагедијата во градинката имаше деца и вработени во установата. Во моментов сите се евакуирани. Итната помош, полицијата и пожарникарите се наоѓаат на местото на несреќата“, рече шефот на киевската регионална воено-цивилна админстрација, Олексеј Кулеба.

Advertisements

Гаршченко  на својот твитер профил изрази жалење за овој немил настан.

„Моите колеги, моите пријатели. Каква трагична загуба. Најдлабоко сочувство до нивните семејства“, објави Герашченко.

Се уште не е јасно што ја предизвикало падот на хеликоптерот. Русија не коментираше, а украинските власти не спомнаа никаков руски напад во областа.

„Добиваме информации за жртвите и околностите“, изјави Кирило Тимошенко, заменик-шеф на кабинетот на украинскиот претседател.