Вчера во 22.47 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Прилеп, автобус „фолксваген крафтер“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 50 годишен возач од Битола, излетал од коловозот, соопштуваат од МВР.
Во несреќата со повреди се здобиле 11 лица.
Жена од с.Лопатица, битолско, се здобила со тешки телесни повреди, додека пак други две лица од истото село се здобиле полесни телесни повреди. Помеѓу повредените има три лица од с.Лисолај, две од с.Кукуречани и едно од с.Крклино, битолско. Телесните повреди биле констатирани во Клиничка болница Битола, соопштуваат од МВР.
Advertisements
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...
Голем успех и признание за Македонија - Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТ...