Она што ние болните од цистична фиброза го бараме е еднаков, недискриминирачки третман. Право на лек и право на живот. Овозможете ни го лекот трикафта кој за мене и за останатите 80 мои соборци со генот делта F508 (F508del) живот значи. Животот ни зависии од лекот, апелира на Фејсбук младиот Игор Пехчевски, кој и неодамна од болничкиот кревет испрати барање да се обезбеди овој лек .
Тој во денешниот апел го повика премиерот Димитар Ковачевски да постапи веднаш за да не биде предоцна. Пациентите го потсетуваат премиерот и на ветувањата дадени неодамна дека лек ќе има за сите.
„Со недонесување на лекот ни го ускратувате секој миг, секој момент од животот, ни ги усратувате нашите физички активности кои веќе и не сме во можност да ги извршуваме. Секојдневно живееме во страв и неизвесност за нашата иднина…
Го потсетувам премиерот кој во неговата изјава кажа дека по изгласувањетот на законските измени во Собранието лекот трикафта ќе биде достапен за сите на кои им е потребен. Почитуван премиере постапете веднаш и сега за да не биде предоцна за секој еден од нас“ напиша Пехчевски на својот Фејсбук.